Зеленски се пофали со „значајни“ удари на Русите со новото западно оружје

Украинските борци извршија повеќе „значајни удари" врз руски логистички цели благодарение на новото западно оружје, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Во своето ноќно видео обраќање, Зеленски рече дека нападите „влијаат на офанзивниот потенцијал на руските сили“.

„Артилеријата што ни ја испрати Западот конечно почна да бележи моќни удари. Нивната прецизност е токму она што ни е потребно“, рече тој.

Зеленски зборуваше за американските повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС, исклучително прецизно артилериско оружје со долг дострел што им овозможува на Украинците да ги гаѓаат руските сили и логистички цели на значително поголема оддалеченост од досега.

„Загубите на окупаторите само ќе се зголемат оваа недела, како и потешкотиите во снабдувањето“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе