Во Обединетите нации

Зеленски: Русија е терористичка држава, Кремљ: ПР-кампања за добивање оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред ОН ја обвини Русија дека е „терористичка држава“, а таа одговори дека го искористил обраќањето до Советот за безбедност за „далечинска ПР-кампања“ во обид да добие повеќе западно оружје.

Фото: ЕПА

Зеленски побара од Советот за безбедност да ја исфрли Москва од ОН и да формира трибунал што ќе ги истражи дејствата на руската војска во Украина, која изврши инвазија на 24 февруари. Меѓутоа, Русија има право на вето во Советот и може да се заштити од каква било таква акција.

„Русија нема право да учествува во дискусии и гласања за војната во Украина, која е неиспровоцирана и едноставно колонијалистичка“, рече Зеленски во своето обраќање пред Советот за безбедност преку видеоврска. „Ве повикувам на делегацијата на терористичката држава да ѝ го одземете овластувањето.“

Москва својата инвазија ја нарекува „специјална воена операција“ за ослободување на Украина од фашисти, додека владата во Киев и западните сојузници велат дека тоа е неосновано оправдување за непредизвикана војна.

Сите 15 членки на Советот за безбедност, вклучително и Русија, станаа за едноминутен молк откако Зеленски побара од нив „да им оддадат почит на сите Украинци убиени во оваа војна“.

Рускиот одговор

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, рече пред Советот дека појавувањето на Зеленски преку видеоврска го поткопало авторитетот на телото задолжено за одржување на меѓународниот мир и безбедност.

„Советот за безбедност на ОН не треба да се претвори во платформа за далечинска ПР-кампања на претседателот Зеленски за да добие повеќе оружје од учесниците на самитот на НАТО“, рече Полјански.

Советот се состана откако Украина соопшти дека рускиот ракетен напад во понеделникот намерно бил насочен кон трговски центар и дека во нападот загинале 18 луѓе.

Русија негираше дека го погодила трговскиот центар со проектили, велејќи дека погодила околно складиште со американско и европско оружје, што ја предизвикало експлозијата што разгоре пожар во трговскиот центар. Таа исто така тврдеше дека трговскиот центар не е во функција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе