Зеленски: Украина ѝ го скрши р'бетот на руската војска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска предизвикала сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот пристанишен град Мариупол.

Фото: ЕПА

„Украина ѝ го скрши р’бетниот столб на руската армија, нема да може да застанат на своите нозе во следните неколку години“, рече Зеленски во телевизиско интервју.

Неговата изјава дојде откако се предадоа последните 2.400 украински борци од Мариупол.

Киев ќе го врати сето тоа назад, рече тој, додавајќи дека Украина ќе се врати на границите кои беа пред 24 февруари, кога Русија изврши инвазија.

„Тоа ќе значи дека тие не нè покорија и дека ние ја браневме нашата земја“, рече Зеленски и нагласи дека тоа ќе биде многу тешко и дека ќе следи дипломатија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе