Зеленски: Ова беше страшно утро полно со ракети, но сигурен сум во победата (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека е сигурен во победата над Русија, одбележувајќи го денот на државноста на Украина.

EPA-EFE

„Беше ова страшно утро полно со ракети, но Украина нема да се откаже“, порача Зеленски од Киев. Тој им го честиташе на граѓаните денот на државноста кој се слави првпат и е различен празник од денот на независноста 24 август.

„Украина е независна, слободна и неделива земја. Таква ќе биде засекогаш“, оцени Зеленски. Со пораката објави снимка за борбата против руските сили. „Земјата се бори за слобода“, кажа тој.

Во војната, која влезе во шестиот месец, Украина загуби над 20 отсто од територијата, кажа тој и го повика Западот да испрати повеќе тешко вооружување. Со новиот празник, кој Зеленски го прогласи минатата година, Украина се бори против руските тврдења дека е вештачка држава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе