Зеленски нареди задолжителна евакуација на Доњецк

Украинската влада нареди задолжителна евакуација на Доњецк, источниот регион кој е место на жестоки борби со руските сили, изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Во доцното вечерно телевизиско обраќање до јавноста Зеленски рече дека стотици илјади луѓе кои сѐ уште се во конфликтните зони во пошироката област на Донбас мора да заминат.

„Колку повеќе луѓе го напуштат Доњецк сега, толку помалку луѓе руската армија ќе има време да убие, а евакуираните ќе бидат обештетени “, рече тој.

„Многумина одбиваат да заминат, но сепак тоа треба да се направи.“ Ако имате шанса, ве молам разговарајте со оние кои сѐ уште се во конфликтните зони во Донбас. Ве молам убедете ги дека мора да заминат“, рече Зеленски.

Вицепремиерката Ирина Верешчук изјави дека евакуацијата треба да се изврши пред почетокот на зимата бидејќи се уништени резервите на природен гас во тој регион, пренесоа украинските медиуми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе