Зеленски го повика НАТО: Покажете дека не се плашите од Русија

Во интервју објавено денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика НАТО „да покаже дека не се плаши од Русија". Зеленски го изјави ова како одговор на прашањето дали добил некаков одговор од Северноатлантскиот сојуз на барањето за членство, односно кога очекува одговор на НАТО на барањето на Украина.

Фото: ЕПА

„Мојата клучна порака до НАТО е - не треба да се плашите од никого“, рече тој.

Зеленски истакна дека „важно е да се договорат безбедносни гаранции за целиот свет, така што никој да не ни помисли да стане автократ, па дури и да е автократ, да не ни помисли дека може да освојува туѓи територии“.

„За тоа е потребно единство. Мислам дека без Украина, алијансата не е толку силна, особено не на европскиот континент. Мислам дека тоа е важен чекор за силата на Алијансата во Источна Европа. Ние му ја нудиме таа шанса на НАТО и благодарни сме за неговата поддршка“, рече Зеленски и го повика НАТО да „покаже одлучност“.

„Не мора само Украина да ја демонстрира својата сила пред Русија, туку тоа треба да го направи и НАТО, мора да покаже дека не се плаши од Русија. Знам дека сите разбираат дека безбедносните гаранции се нешто што ѝ е потребно на Украина. Мислам дека ние сме на тој пат, ние дефинитивно сакаме да одиме по тој пат. За жал, колку брзо тоа ќе оди не зависи само од Украина“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе