Зеленски до Западот: Одговорете на нуклеарниот терор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните земји поостро да одговорат на, како што кажа, „рускиот нуклеарен терор“, по гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на централата.

EPA-EFE

Во телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Зеленски повика да ѝ се воведат санкции на руската нуклеарна индустрија.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија претходно објави дека еден работник на нуклеарната централа Запорожје бил ранет во синоќешно руско гранатирање.

Русија ја контролира нуклеарната централа од март.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Рафаел Гроси вчера изрази голема загриженост поради гранатирањето на Запорожје, предупредувајќи на опасноста од нуклеарна катастрофа, која би можела да ја загрози животната средина и здравјето во Украина, но и пошироко.

Во петокот бил гранатирани и погодени водови во објектот, поради што операторите го исклучиле реакторот иако не било утврдено истекување на радиоактивна материја.

Двете страни вчера се обвинуваа за „нуклеарен тероризам“.

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом ја обвини Русија за штетата, додека руското министерство за одбрана ги обвини украинските сили за гранатирањето на централата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе