Зеленски до Русите: Ќе ве убиваат еден по еден додека е Путин на власт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во порака до Русите изјави дека ќе бидат убиени еден по еден додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој нареди инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

„Додека сите вие не го решите проблемот кој го започна сето ова, кој ја започна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убиени еден по еден, станувајќи жртвени јарци бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија“, изјави Зеленски во своето секојдневно обраќање.

Украинскиот претседател додаде дека наскоро војската, која од денеска го контролира градот Лиман во областа Доњецк, која е под руска контрола, ќе окупира и други градови во таа област.

„Во текот на неделата над Донбас се вееја нови украински знамиња. Следната недела ќе има уште повеќе“, додаде Зеленски.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе