„Би можеле да бидат заглавени 75 милиони житарки“

Зеленски бара противбродско оружје за извоз на житото, смета дека Украина може да возврати во Северодоњецк

До есента во Украина би можеле да бидат заглавени дури 75 милиони тони житарки, поради што Киев бара противбродско оружје кое би можело да гарантира безбеден премин на извозот, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски.

EPA-EFE

„Украина сака да разговара со Британија и Турција за идеја морнарица на трета земја да го гарантира преминот на украинскиот извоз на житарки низ Црното Море во кое доминира Русија“, кажа Зеленски во Киев, а пренесува Ројтерс.

„Сепак, најсилната гаранција за безбедно поминување би било украинско оружје“, кажа Зеленски.

Украинскиот претседател, додава Ројтерс, зборуваше и за тоа дека руските сили имаат предност во борбата за Северодоњецк, но дека „украинската армија ги има сите шанси да возврати“.

Тој додаде дека ситуацијата за Украина ќе стане многу тешка ако Русија се пробие во источниот дел на Донбас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе