Вирусот се појави и во Норвешка

Заразената од коронавирус во Солун позната дизајнерка, била на модната недела во Милано

38-годишната жена што е заразена со новиот коронавирус и се наоѓа во болница во Солун не е јавно именувана, но грчките медиуми ја идентификуваа како добро позната дизајнерка што отпатувала во северна Италија за да присуствува на модната недела во Милано.

Таа во неделата долетала во Солун и во вторникот се пријавила во болница откако почнала да не се чувствува добро.

За дизајнерката, која била и кандидатка за јавна функција, се вели дека отпатувала во Милано со група новинари и неколку советници од градското собрание. Досега 15 лица - вклучително и членови на нејзиното семејство - се ставени во двонеделен карантин, но во тек е истрага за тоа со колку лица таа стапила во контакт.

Човек што летал со неа за Лајв њуз рече дека авионот бил „преполн“ и дека жената „изгледаше добро, не сфативме дека нешто не е во ред со неа“.

Грција назначи 13 државни болници за прифаќање на пациентите со ковид-19. Министерот за здравство Василис Кикилиас, кој ги забрани отсуствата за сите медицински работници и лекари, се очекува утре да отпатува во Солун.

По Бразил, Пакистан, Македонија, Грција, Грузија и Алжир, Норвешка вечерва стана седмата земја што денеска го пријави првиот потврден случај на коронавирус.
 
Норвешката агенција за јавно здравје потврди дека едно лице е тестирано позитивно на коронавирусот, пренесе Ројтерс.
 
Лицето е задржано дома во изолација, откако се вратило од Кина кон крајот на минатата недела, рекоа властите. Тоа прво не се чувствувало болно и се смета дека е малку веројатно дека заразило други лица, соопшти агенцијата.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе