Тие се запленети поради основан сомнеж дека нелегално превезувале нафта низ територијалните води на Индонезија.
Претставникот на индонезиската крајбрежна стража Вишну Прамандита изјави дека танкерите, запленети во водите во близина на индонезиската провинција Калимантан, ќе бидат спроведени до островот Батам за понатамошна истрага.
Екипажите на овие танкери извршиле низа прекршоци, вклучувајќи неистакнување на националните знамиња, исклучување на системот за идентификација, нелегално вкотвување, нелегален транспорт на гориво меѓу бродови и истурање нафта во морето, потврди Прамандита.
Поради санкциите кои САД ги воведоа против Иран, Техеран е принуден да тргува со нафта на црно, а во најголем број случаи преку Венецуела.