Западните дипломати ја повикаа Кина да не ги одвојува родителите од децата позитивни на ковид

Западните дипломати изразија загриженост за одвојувањето на децата од нивните родители во време на зголемен број на заразени со ковид-19, што се случува во Шангај, каде владата се обидува да го спречи ширењето на вирусот. Властите ги одвојуваат децата позитивни на ковид-19 од нивните родители, што го оправдуваат со мерките за спречување на ширењето на вирусот.

Фото: ЕПА

Јавноста ја осуди ваквата здравствена политика. Дипломати од повеќе од 30 земји писмено се обратија до кинеското министерство за надворешни работи со молба здравствените власти да ја прекинат таквата практика. „Бараме во никакви околности децата да не се одвојуваат од нивните родители“, се вели во писмото на францускиот конзулат во Шангај од 31 март.

Во одвоено писмо, загриженост изрази и британската амбасада во Пекинг, и во двете се наведува дека им се обраќаат на кинеските власти во име на други земји, вклучувајќи ги Норвешка, Швајцарија, Австралија и Нов Зеланд.

Асимптоматските или благите случаи треба да се „испраќаат во специјална изолација со персонал кој зборува и англиски јазик“, се вели во писмото во кое Ројтерс имал увид. Асимптоматските случаи сега се испраќаат во централизирани центри за карантин, а некои од нив се пренатрупани и со лоши здравствени услови.

Изолацијата во зградите на дипломатските претставништва е „подобро решение и во согласност со Виенската конвенција“, се вели во писмото од британската амбасада, во кое Ројтерс имал увид. Ројтерс не наведува експлицитно дека се работи за деца на дипломати, но во цитатот се наведува дека „британскиот конзулат во Шангај изразува загриженост за аспектите на актуелната политика на ковид во однос на британските државјани во Кина“.

Досега, ниту кинеското министерство за надворешни работи, ниту дипломатските претставништва не одговориле на барањето на Ројтерс за коментар.

Во понеделникот, официјален претставник на Шангај на прес-конференција рече дека децата можат да бидат придружувани од нивните родители доколку нивните родители се исто така заразени, но во спротивно мора да се разделат. Тој додаде дека политиката сè уште се разгледува. Кина испрати војници и илјадници здравствени работници во Шангај за да помогнат во тестирањето и борбата против пандемијата во градот со 26 милиони жители.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе