Замор на Бугарите од честите гласања, излезноста на парламентарните избори во Бугарија до 17 часот е 28 отсто

Излезноста на гласачите на предвремените парламентарни избори што се одржуваат во Бугарија до 17 часот по локално време изнесува 28 отсто. Највисока е во еден од регионите во Софија – 33,95 отсто, а најниска – во Карџали – 19,72 отсто, објави Централната изборна комисија. Ова се четврти избори во Бугарија во последните 18 месеци.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ист процент излезност беше и на изборите на 14 ноември минатата година и покрај тоа што бројот на гласачите тогаш и сега е различен. До 17 часот и 30 минути се примени 66 дојави за агитација, од кои најголем дел за агитација на социјалните мрежи. Констатирани се прекршоци на три сајтови за објавување на првични резултати.

Прекинато е гласањето со машини на уште неколку изборни места. Во овој момент има вкупно 32 избирачки места кои преминале на гласање на хартија. Од нив 11 се поради тоа што не работел читачот на паметни картички.

Изборниот ден во Бугарија треба да заврши во 20 часот по локално време, кога се очекува да бидат објавени првите излезни анкети.

Поранешниот бугарски премиер,  Кирил Петков, кој е копретседател на партијата Промените продолжуваат, откако го даде својот глас на вонредните парламентарни избори изјави дека денешното гласање во Бугарија е многу важно.

„Изборот е меѓу враќање во годините на транзицијата и нова и изменета Бугарија“, рече Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков кажа дека верува дека сите Бугари во овој момент ќе го направат изборот земјата да тргне напред. Тој кажа дека освен зголемување на приходите на пензионерите, ќе има и зголемување на просечната плата во Бугарија.

„Сите Бугари се надеваат дека секој млад Бугарин ќе ја избере Бугарија за свој дом, дека многу Бугари ќе се вратат од странство, дека ќе имаме просперитетна, способна, земја без корупција“, додаде Петков.

Тој кажа дека очекува Промените продолжуват, со јасна коалиција околу себе, да управува со бугарскиот народ.

На овие четврти парламентарни избори во Бугарија во последните 18 месеци учествуваат 29 партии и коалиции. Право на глас имаат 6.600.000 граѓани.

Според сите набљудувачи на политичките процеси во Бугарија, излезноста на гласачите ќе биде клучна. Први гласаа бугарските државјани во Австралија и Нов Зеланд, а последни ќе гласаат Бугарите во Сан Франциско и Калифорнија, САД, што ќе биде шест часа по затворањето на избирачките места во Бугарија. Во Македонија запишани се 181 гласач.

Ова се трети парламентарни избори на кои се гласа и машински, а државата обезбеди 9.369 гласачки места со гласачки машини. Во 2.785 гласачки места ќе се гласа со традиционалните гласачки ливчиња. Бројот на машини за Бугарија е 10.474, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Бугарија.

Во 62 земји низ светот Бугарите ќе гласаат во 755 гласачки места. Во Турција има најмногу - 166 избирачки места, во Македонија бројката е поголема од претходните избори – седум, откако гласачко место за првпат беше отворено и во Велес.

Христо Иванов, копретседателот на Демократска Бугарија, изјави дека на неговата земја и е потребна вистинска, храбра, реформска влада која може да се справи со предизвиците со кои се соочува. Тој додаде дека нивните приоритети и политики се против Владимир Путин и неговата агресија во Украина и се за разумна даночна политика и судски реформи во Бугарија. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе