Закани до австрискиот канцелар поради ковид мерките: Укинете ги и повлечете се

Сојузната служба за заштита на уставноста и борбата против тероризмот отвори истрага против анонимни противници на епидемиолошките мерки поради закани до австрискиот канцелар Александер Шаленберг.

EPA-EFE

Во заканувачкото писмо потпишано со „Групација“, на Шаленберг му е даден рок до крајот на ноември да ги повлече сите корона-мерки и да се повлече од политиката, а во спротивно „Групација“ се заканува со насилство на Шаленберг, неговото семејство и сојузниците.

Покрај австрискиот канцелар им се заканува и на министроте за внатрешни работи и здравје, Карл Нехамер и Волфганг Микштајн, на други членови на владата и на политичари од редовите на опозициската Социјалдемократска партија (СПО), кои го подржаа затворањето и најавеното воведување задолжителна вакцинација.

Министерот Нехамер кажа дека, кога од анонимен испраќач ќе се прими закана против демократски избраните институции и нивните семејства, не може тоа само да се регистрира.

Најави дека полицијата со сеопфатна истрага ќе утврди кој стои зад заканите.

Австриската полиција во изминатите недели предупредуваше на растечката радикализација во редовите на антиваксерите и противниците на корона-мерките, што се потврди на минатиот протест во Виена каде дојде до напад врз безбедносните сили.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе