Таа додаде дека тоа треба да го знаат граѓаните на земјите кои на Украина ѝ испраќаат пари и оружје.
„Западот мора да сфати: вмешаност на киевскиот режим во терористичка активност не е случајност и не е изолиран случај. Тоа дури не е ни норма на однесување. Сè е многу посериозно. Тоа е неонацистички менталитет во комбинација со тероризам како инструмент за реализација на злосторничката идеологија“, порача Захарова.
Како што истакна, токму на таков режим му се испорачува вооружување.
„Тоа мора да го знаат сите граѓани чии влади му пишуваат чекови на Зеленски“, порача Захарова.
Во саботата вечерта во експлозија на автомобил беше убиена руската новинарка и политиколог Дарја Дугина. Таа загина на лице место.
Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка стојат украинските специјални служби, а извршител е државјанката на Украина Наталија Вовк.