Вашингтон планира да ги подгрева непријателствата во Украина најмалку до крајот на 2025-та година. Нивниот план е заснован врз документите кои не ги кријат од никого“, нагласи Захарова, пренесува ТАШ.
Захарова наведува и дека администрацијата на Бајден има намера да го убеди Конгресот во буџетот за 2023 година да вклучи и дополнителна помош за Киев во износ од 37 милијарди долари, а најголемиот дел од овие средства ќе биде наменет за украинската војска.
„САД ја контролираат Украина и на неа гледаат како на средство за постигнување на сопствените геополитички цели во конфронтацијата со Русија“, истакна Захарова.
Американскиот конгрес го усвои вчера предлог-законот за националната одбранбена политика за 2023 година со вкупна вредност од 858 милијарди долари, врз основа на кој следната година ќе биде пратен во Украина нов пакет на безбедносна помош, пренесе Ројтерс.