„Ќе мора да одговориме“

Захарова се закани: Ако Шведска и Финска влезат во НАТО, ќе има сериозни воени последици

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека евентуалниот прием на Финска и Шведска во НАТО ќе има многу сериозни воени и политички последици.

Фото: ЕПА

Ова се наведува во соопштението што на Твитер го објави руското Министерство за надворешни работи.

„Сметаме дека посветеноста на финската влада кон воената политика на неврзаните е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Влегувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици“, рече Захарова.

Говорејќи на брифинг за новинарите во Москва, Захарова рече дека доколку некоја нордиска земја се стреми да ѝ се приклучи на Алијансата, тоа „ќе има сериозни воени и политички последици, што ќе бара од нашата земја да преземе реципрочни мерки“, пренесе руската новинска агенција.

Иако Финска соработува со Алијансата во некои области и нејзини претставници присуствуваа на денешниот состанок на НАТО во Брисел, таа официјално му се нема приклучено на блокот. Минатиот месец, премиерката Сана Марин рече дека е „исклучително малку веројатно“ Финска да аплицира за членство во НАТО за време на нејзиниот мандат.

Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави дека ги поканил Финска и Шведска, кои не се членки на воената алијанса, на вонреден виртуелен самит на кој ќе се разговара за руската инвазија на Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе