Захарова се огласи: Дали Русија црта нова карта на Европа?

Марија Захарова денеска оцени дека се смешни изјавите кои се даваат во европските земји дека Русија одлучила да „нацрта нова карта на Европа".

Фото: ЕПА

„Приказните за прекројување на границите кои се испраќаат од другата страна на океанот се малку смешни“, рече Захарова и посочи дека НАТО бомбардирањето на СР Југославија беше поддршка за преобликување на границите на Србија и коцкање на САД со независноста на Косово, пренесе ТАСС.

Таа исто така вели дека е трогната од тврдењата кои доаѓаат од Запад за тоа како Русија одлучила да нацрта нова карта на Европа. „Смешно е што оваа идеја се искажува во Германија, која ги има своите сегашни граници благодарение на слично цртање на нови граници кон крајот на 1980-тите години“.

Не е на Берлин да зборува за какво било преобликување на границите со оглед на ужасите од Втората светска војна кои се паметат и не смеат да се заборават“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа, исто така, ги оцени како смешни изјавите кои доаѓаат од некои источноевропски земји кои во последните децении се стекнаа со суверенитет исклучиво преку прекројување на границите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе