„Она што недостига е желба и стремеж кај Вашингтон да го охрабри режимот во Киев да направи нешто конструктивно. Целта е поинаква. Целта е деструктивна“, рече Захарова во интервју за радиото Спутник.
Како што рече таа, на Украина ѝ е „забрането“ да води мировни преговори со Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека „почитувањето на Повелбата на Обединетите нации и отштетата за загубите“ се услови за почеток на мировни преговори со Русија.
Руските власти, вклучително и претседателот Владимир Путин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, продолжуваат да покажуваат „отвореност“ за разговори со Киев без предуслови.