Захарова: Руската војска ќе одговори на влезот на Финска во НАТО. Тоа ќе биде изненадување

Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, рече Захарова.

Фото: ЕПА

„Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, откако ќе се земат предвид голем број фактори што ќе бидат специфични за членството на Финска во Северноатлантската алијанса“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува Тасс.

На прашањето на фински новинар за воено-техничките мерки што Русија планира да ги преземе против Финска поради нејзината апликација за членство во НАТО, Захарова рече дека тоа би било „изненадување“.

„Со ова прашање ќе се занимава нашето Министерство за одбрана. Ќе донесеме одлука откако ќе земеме предвид голем број фактори и детали за тоа како ќе напредува пристапот на Финска во НАТО. Одлуката ќе биде донесена врз основа на сите овие фактори, но неа пред сѐ ќе ја донесе војската“, нагласи Захарова.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе