Захарова: Русија со години правеше сè за да спречи насилно сценарио во Украина

Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, изјави дека Русија направила сè за да спречи насилно сценарио во Украина, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

EPA-EFE

„Долга низа години правевме сè за да спречиме ситуацијата во Украина да се влоши и за да избегнеме насилно сценарио“, кажа Захарова.

Захарова истакна дека договорите од Минск биле прилика за Киев, но дека украинските власти од самиот почеток немале намера да го спроведат договореното.

„Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов претходно неделава даде изјава дека киевскиот режим никогаш немал никакви планови за спроведување на договорите од Минск“, кажа Захарова.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе