Портпаролката на министерството Марија Захарова одговори на прашањето на руска новинска агенција за статусот на електраната окупирана од руските сили на почетокот на март и можноста таа да дојде под контрола на „трета страна“.
„Не станува збор за какво било повлекување од нуклеарната централа Запорожје. Таа останува под руска контрола и нема да биде предадена на никоја 'трета страна'. Електраната се наоѓа на руска територија и е целосно под руска контрола. Веруваме дека само ние можеме да обезбедиме физичка и нуклеарна безбедност на електраната Запорожје“, им одговори Захарова на новинарите.