Захарова: Не е виновна Русија за растечкиот глад на планетата, туку санкциите

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека цените на храната се зголемуваат поради санкциите на Западот против Русија.

Фото: ЕПА

Захарова го рече тоа коментирајќи ја изјавата на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дека Русија е виновна за растечкиот глад на планетата.

„Цените растат поради санкциите наметнати од целиот Запад против Русија под притисок на САД. Ова е така ако зборуваме за директната причина. Неуспехот да се разбере ова е знак или на глупост или на намерна измама на јавноста“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа исто така изјави дека ако се земат предвид првичните причини во поширок контекст, тогаш распаѓањето на државноста на Украина е дело на колективниот Запад.

„Распадот на Украина ги вклучува меѓу другото и претходниците на Бербок, кои не само што се мешаа во ситуацијата во таа земја, туку ја моделираа внатрешната и надворешната политика на Украина“, посочи Захарова.

Министерката за надворешни работи на Германија претходно изјави дека поради ситуацијата во Украина, на планетата може да дојде до глобален глад.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе