Захарова: Москва може да ѝ се одмазди на целата ЕУ за бугарското протерување 70 руски дипломати

Москва би можела да ѝ се одмазди на целата Европска Унија поради протерувањето на 70 руски дипломати од страна на Бугарија, предупреди денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

„Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија сигурно нема да помине без билатерален одговор“, рече Марија Захарова во соопштението на Министерството.

Оценувајќи дека бугарското протерување оди многу подалеку од дипломатската практика, таа ги повика Софија и ЕУ „да размислат за принципот на реципроцитет, кој е основа на дипломатските односи“.

Европската дипломатија „треба да разбере дека непромислената поддршка на антируските акции од различни земји-членки ја принудува ЕУ да преземе одговорност за последиците, вклучително и кога станува збор за одмазднички мерки од наша страна“, рече Захарова.

Во петокот руската амбасадорка во Софија предвиде затворање на руската амбасада во земјата по одбивањето на Бугарија да ја промени одлуката за протерување на 70 руски дипломати.

Станува збор за досега невиден број луѓе протерани од Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, но традиционално блиска до Русија.

ЕУ го изрази своето жалење поради „неоправданата закана на Русија да ги прекине дипломатските врски со Бугарија“, опишувајќи ја таа мерка како „несразмерна“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе