Во врска со гасоводот Северен тек

Захарова: ЕУ ќе мора да се соочи со вистината и да признае дека сојузниците ја издадоа

Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, објави на социјалната мрежа Телеграм дека земјите од Европската Унија ќе мора да се соочат со вистината и да признаат дека сојузниците ги издале во врска со инцидентите со Северен тек.

EPA-EFE

Таа ја коментираше изјавата на потпретседателот на руската влада Александар Новак дека Русија е спремна да испорачува гас низ неоштетениот дел од гасоводот Северен тек 2, пишува руската новинска агенција ТАСС.

„Ќе се осмели ли по тоа некој да каже дека нашата држава стои зад диверзантскиот чин? Се сложувам дека е многу тешко да се признае вистината. Но еден ден земјите од Европската Унија ќе мора тоа да го направат и да признаат дека сојузниците ги издале“, напиша Захарова на Телеграм.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе