Портпаролката на руската дипломатија

Захарова: Бајден да одговори дали САД ја реализираа својата закана за уништување на Северен тек

Американскиот претседател Џо Бајден е должен да одговори на прашањата дали Соединетите Американски Држави ја реализираа својата закана за уништување на Северен тек и дали Вашингтон е вмешан во најновата хаварија на гасоводот, порача денес портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

EPA-EFE

„Претседателот на САД Џозеф Бајден е должен да одговори на прашањата дали САД на 25 и 26 септември ја реализираа својата закана бидејќи на три траси на Северен тек и Северен тек 2 се случија вонредни настани кои прелиминарно се квалификуваат како напукнување на гасоводот со претпоставка дека настанале со експлозија“, наведе Захарова на Телеграм со снимка од говорот на Бајден од почетокот на февруари кога ја кажа заканата.

„Ако Русија ја нападне Украина, ако тенкови и војници ја преминат границата на Украина, тогаш повеќе нема да има Северен тек. Ќе завршиме со него. Ви ветувам, ние тоа го можеме“, кажа американскиот претседател на 7 февруари.

Захарова кажа дека изјавата на Бајден за намера е поткрепена со ветување.

„Би требало да сноси одговорност за кажаното. Неразбирањето на она што е изговорено не го ослободува од одговорноста. Европа мора да ја знае вистината“, заклучи Захарова.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе