„Ние континуирано работиме на тоа Западниот Балкан да остане во фокусот на НАТО“, истакна шефот на хрватската дипломатија. Додаде дека западниот воен пакт „во стратегискиот концепт уважил одредени ставови“ на Хрватска и дека во него се зборува за важноста на Западниот Балкан.
Извештајот се фокусира поединечно на секоја земја од Западниот Балкан и се укажува на тоа кои од нив „се можеби најпорозни кон руското влијание“ и кои „најмалку ја следат европската безбедносна и надворешна политика“.
Грлиќ Радман повтори дека Србија мора да се придружи на санкциите на Русија и дека мора да биде поексплицитна, подоследна и поверодостојна ако сака да ја оствари европската перспектива.