„Но е малку веројатно“

Задолжително вакцинирање? Сѐ е можно, рече Фаучи

Ентони Фаучи, директорот на Институтот за алергии и заразни болести на САД, смета дека вакцинацијата против ковид-19 може да биде задолжителна за патувања, но и понатаму не е сигурен дали вакцината го запира ширењето на вирусот и препорачува луѓето да продолжат да носат маски. Како што објасни, одделни институции може да воведат задолжителна вакцинација.

Фото: ЕПА

„Ќе се дискутира за сè“, рече Фаучи за Њузвик на прашањето за обврската за вакцинирање на локално ниво, како и за патувањата.

Иако тој не верува дека ќе има наредба од највисоките органи за вакцинација, бидејќи САД скоро никогаш „не издаваат наредби на федерално ниво“, Фаучи сепак верува дека одделни институции ќе бараат вакцинација и доказ за вакцинираност.

„На пример, вакцините против обичен грип и хепатитис Б се задолжителни во многу болници. Тука во Националниот здравствен институт јас немаше да можам да ги гледам пациентите ако не се вакцинирав секоја година против грип и хепатитис Б“, истакна Фаучи.

Доколку доволен број болници и организации побараат вакцинација, тогаш нема да има потреба од федерална наредба, бидејќи ваквите потези ќе дадат ист резултат.

Фаучи рече и дека не може со сигурност да тврди дека вакцините што моментално постојат можат да ги заштитат луѓето од ширење на вирусот. Поради тоа, одредени јавноздравствени мерки воведени во текот на пандемијата, како социјалната дистанца, носењето заштитна маска, како и намалениот број патувања, мора да останат.

„Поради тоа постојано велам дека и кога ќе се вакцинираме, не треба да ги укинеме претходно донесените мерки, бидејќи сè уште не е познат ефектот на вакцината врз ширењето на вирусот.“

Повеќе од 3 милиони луѓе во САД досега примиле вакцина против ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе