„Една од најголемите промени во германската надворешна политика“

За неколку дена на Путин му успеа тоа што НАТО со години се обидуваше со Германија (ВИДЕО)

Во рок од неколку дена Владимир Путин успеа да го направи она што сојузниците на НАТО со години се обидуваа да го постигнат: огромно зголемување на воените трошоци во Германија, вели Би-би-си.

Фото: ЕПА

Германско оружје за Украина. Дополнителни 1,13 милијарди долари за германската армија. И уставна определба да се постигне целта на НАТО за воени трошоци од 2% од БДП.

Ова веројатно е една од најголемите промени што некогаш биле видени во повоената надворешна политика на Германија.

Пред инвазијата на Украина во четвртокот, таквиот милитаристички став би бил незамислив во Германија. Традиционално Германија се фокусира на дипломатијата и дијалогот, а не на воената моќ, и историски постојат длабоки економски и културни врски меѓу Русија и Германија.

Но руската инвазија на Украина ја шокираше и ги запрепасти германската влада и германските гласачи. Олаф Шолц го нарече Владимир Путин нехуман поттикнувач на војни и вети непоколеблива поддршка за Украина.

Судејќи по аплаузите и стоечките овации за Украина во германскиот парламент и огромните антивоени демонстрации во Берлин денес, се чини дека повеќето Германци се согласуваат со него.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе