Српскиот министер за внатрешни работи

Вулин му одговори на Пленковиќ: Хрватите секогаш ја бираат погрешната страна на историјата

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин му одговори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој изјави дека не е време за седење на две столици и дека Србија мора да одбере страна ако сака да влезе во Европската Унија. Вулин кажа дека секогаш е време Србија да се сочува себе и своите пријателства, но дека никогаш не е време да добива лекции од Хрватска која страна да ја избере.

EPA-EFE

По откажувањето на посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Белград, Вулин кажа дека Србија не е територија туку држава. „Државите самите одлучуваат кои им се пријателите. Ако постои народ кој непогрешливо ја бирал погрешната страна на историјата, тоа е хрватскиот. И ако постои народ кој Хрватите ги предводел на вистинската страна на историјата, тогаш тоа е српскиот народ“, кажа Вулин.

Министерот за внатрешни работи на Србија додаде дека Пленковиќ не разбира дека Србија има само една столица – српската.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе