Вулин му одговори на Милановиќ: Усташи во Хрватска има и повеќе од доволно

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин реагираше на изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој кажа дека „ако нема друг начин, на крај самиот ќе го одведам за рака (српскиот претседател Александар) Вучиќ во Јасеновац“.

EPA-EFE

„И пазете, да се зборува дека хрватската власт е усташка? Па не е баш. Усташи има многу малку во Хрватска, додека четници во Србија има колку сакаш“, кажа Милановиќ.

Следуваше одговорот на Вулин.

„Никој не треба Александар Вучиќ да го води за рака во Јасеновац, доволно би било на внукот на жртва на концентрациониот логор да му се дозволи да оди сам, без придружба и помпа. А усташи во Хрватска има повеќе од доволно, за да не се укинуваат улици со имиња на нацисти, за да се ораат ридови со коски на убиени српски деца и да се објавуваат книги во кои се тврди дека Србите извршиле геноцид над Хрватите во Втората светска војна“, кажа Вулин.

„И не само што усташи во Хрватска има и повеќе од доволно, ги има и на местата каде што се донесуваат одлуки, па така беше одлучено дека Олуја и протерувањето на Србите се легитимна акција и да не им се суди на убијците на српските деца“, кажа српскиот министер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе