„Ги заменија папките“

Вучиќ за снимката од Белата куќа: По 500 пати го проверував секој збор (ВИДЕО)

Шведскиот дипломат Карл Билт на Твитер за време на викендот објави снимка што ја прикажува реакцијата на претседателот на Србија Александар Вучиќ за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната канцеларија.

Printscreen

„Ова е моментот кога претседателот Вучиќ беше информиран дека амбасадата (на Србија) во Израел ќе ја пресели во Ерусалим“, коментираше Билт.

Додека Трамп кажува дека амбасадата ќе биде префрлена до јули догодина, додавајќи дека тоа е фантастично, Вучиќ во тој момент прави зачуден израз на лицето и почнува да ги листа хартиите пред него пред да погледне во членовите на српската делегација.

Префрлањето на амбасадата на Србија во Ерусалим е последната точка од договорот што беше потпишан во Белата куќа во петокот.

Вучиќ синоќа се огласи за снимката.

„Се изнаслушав разни работи. Велат: погледнете ја реакцијата на Вучиќ – не го ни прочитал договорот. Еј, вие сега на тие нискобуџетни, некој кажа будали – јас тоа никогаш не би го кажал, од разни социјални мрежи, не би користел такви изрази, значи – знаат ли тие луѓе дека цел ден и цела ноќ секој збор го проверував по 500 пати“, им кажа Александар Вучиќ на новинарите во Брисел.

Не постои, како што кажа, ниеден човек што тие договори ги знае подобро од него.

„Во онаа сала сите заедно не знаеја колку што знаев јас и за едниот и за другиот договор, и за точните разлики. Туку моето е да прочитам и да видам – а каде е другиот договор, за да не се случи некој да го потпише она што не е наше. И на крајот се случи да ги заменат папките“, кажа Вучиќ.

„Јас тогаш имав добра папка, и потоа ги заменија папките, што јас гледав да не ни се случи“, додаде тој.

Тврди дека сето ова се случило затоа што никому не му одговора тоа што Србија постигнала „многу, многу добар договор“.

„И што беше почитувана во Соединетите Американски Држави, што такво почитување не сме доживеале од Втората светска војна, од 1970 кога Ричард Никсон, заедно со Тито, беше во Белград, пред точно 50 години. Од тогаш не сме имале такво почитување, и јас разбирам што им пречи“, оцени Вучиќ.

Легенда под Главна слика

Printscreen

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе