Вучиќ за преговорите со Косово: Меѓусебното признавање стана мото

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека во дијалогот на Белград и Приштина „меѓусебното признавање стана мото“.

EPA-EFE

Вучиќ, меѓу другото, потсети дека за време на претходната власт во Србија 90 земји од светот го признаа Косово.

„За време на нивната власт 90 земји ја признаа независноста на Косово, само молчеа на тоа. Нема да молчам и ќе го бранам Косово и Метохија како знам и умеам“.

Вучиќ истакна дека не постои никаков „нон-пејпер“ со барања околу Косово, но она што постои и што го очекува се „тешки притисоци“ и обединување на силите на Вашингтон и Брисел.

„Меѓусебното признавање стана мото“, кажа Вучиќ.

Истакна дека сè уште размислува за содржината на честитката која ја добил за Денот на државноста на Србија од американскиот претседател Џо Бајден.

„Чудно е тоа кога некој друг се радува, а не тој што ја примил честитката“, кажа Вучиќ, и додаде дека тоа не е пристојно, но дека тоа ќе му го каже на Бајден во лице.

Додаде дека Бајден не треба да се потценува бидејќи тој, според српскиот претседател, е многу интелигентен човек.

„Станува збор за сериозен и искусен политички лидер. Постојат нешта кои се факти, но ако сакаш да испратиш некоја политичка порака го земаш телефонот и се јавуваш“, кажа Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе