Вучиќ за хрватското купување „рафали“: Мислат дека се најсилни, а не знаат што доаѓа во Србија

Српскиот претседател и лидер на владејачката партија Александар Вучиќ најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на Српската народна партија (СНС) и дека Србија ќе набави ново оружје уште побрзо од некои во регионот, за никој повеќе да не ја понижува.

EPA-EFE

На партискиот собир на СНС Вучиќ пред 15.000 члена во Белградска арена кажа дека ќе остане на челото на партијата до парламентарните избори на 3 октомври.

Најави дека на следното партиско собрание нема да се кандидира за претседател на партијата, истакнува дека додека СНС е на власт, „ќе води самостојна, независна и суверена политика во интерес на нејзините граѓани“.

„Ќе се обидам да ве одведам до уште една победа, а од вас барам да биде најуверлива досега“, порача Вучиќ по повод 13-годишнината на партијата, наречена „свечена академија“.

Србија денес во сè очекува успех, истакна Вучиќ, и оцени дека „кумулативно гледајќи, 2020 и 2021 Србија ќе биде земјата со најголем економски раст во цела Европа“.

„Србија се наоѓа на европскиот пат“, кажа Вучиќ.

Но Србија „нема да ги напушти своите пријатели“ ниту ќе се откаже од „пријателството со Русија и Кина“, а ниту тие две земји ќе се откажат од пријателството со Србија, порача тој.

Околу хрватското купување на француските борбени авиони „рафал“, Вучиќ истакна дека Србија ја јакне војската за никој да не може да ја понижува како во „деведесеттите и двеилјадитите години“.

„А овие кои мислат дека се најсилни, и многу јаки, тие уште не знаат, уште не сме ги информирале дека наскоро нешто стигнува во Србија, а ќе стигне многу пред тоа што тие го купиле и со што се фалат“, кажа Вучиќ.

Ја повтори својата порака дека „повеќе нема да се повторуваат олуји, блесоци и погроми, без оглед на сите притисоци“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе