Вучиќ: Србија ќе учествува во обновата на украинските градови

Александар Вучиќ за време на средбата со украинскиот амбасадор Володимир Толкач рече дека Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина. Новиот амбасадор Володимир Толкач дојде во посета на Србија.

Фото: ЕПА

Вучиќ изрази искрена жал за ситуацијата во Украина и посочи дека Србија е „посветена на почитувањето на принципите на територијалниот интегритет и суверенитет на државите како еден од основните принципи на меѓународното право“, пренесува Н1.

Тој рече дека во таа смисла Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, соопштија од кабинетот на Вучиќ.

Вучиќ истакна дека Србија ги обезбедила најдобрите можни услови за бегалците од Украина, како и сите права на дозволи за престој и работа. Тој вели дека тоа е обезбедено со правилата на земјите од ЕУ и дека „дури е и на повисоко ниво“. Претседателот на Србија најави дека наскоро со Толкач ќе ги посети украинските бегалци во Србија, и дека Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина.

Тој повтори дека Србија, во согласност со својата доследна политика, е посветена на мирно решавање на споровите. Тој рече дека во таа смисла Србија ги поддржува сите напори насочени кон преговори меѓу Украина и Русија.

Украинскиот амбасадор се заблагодари за хуманитарната и финансиската помош на Србија за загрозените цивили од Украина, пренесува Н1.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе