Вучиќ: Србија ќе трпи последици; „Никогаш не сум го видел ова, а ова е само почеток“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста и на самиот почеток се осврна на актуелната ситуација во Украина, велејќи дека Србија ќе трпи последици.

Фото: ЕПА

„Нема сомнеж. Тоа ќе биде случај со сите земји во Европа и светот, бидејќи доаѓа до нарушувања во политичките односи, во економијата. Сè е поинаку“, рече Вучиќ. Тој рече дека му се чини дека „Србија не разбира што се случува околу нас“.

Осврнувајќи се на војната во Украина, рече дека Србија ќе го зачува мирот и ќе се грижи за животите на своите деца.

„Нема што не нè фати, мигрантски колони, корона и сега ова. Ќе ги зачуваме мирот и стабилноста во регионот. На нас конфликти не ни требаат за ништо. На нас ни е потребно да растеме и да бидеме поуспешни, да направиме разлика во однос на другите“, јасен беше Вучиќ, пренесе Б92.

Нагласи и дека не се работи за притисок, туку за тоа што велат дека сме премали за да не бидеме на нивна страна. „Не сакаат да ни дозволат да бидеме свои. Започна кампањата и грозоморните обвинувања, а наше е да се тргнеме од тоа“.

Тој посочи и дека не ја разбира неодговорноста на луѓето кои не разбираат што е во интерес на Србија. „Ги замолувам луѓето да разберат дека најважно ни е да се тргнеме од пругата бидејќи возот нема да застане“, рече тој.

„Чувствував што ќе се случи многу повеќе од сите светски лидери. Еднаш буквално кажав што ќе се случи бидејќи ги познавам актерите“, додаде тој, нагласувајќи дека „нема запирање ни кога барањата се до Србија, бидејќи сите ќе сакаат да се изживеат над нас“.

„Нема насмевка, знам колку е тешко“, беше јасен претседателот.

Тој додаде дека некој мора да ги носи тие одлуки, а не е лесно да се носат на дневно ниво. „Треба да покажете голема одговорност и грижа за луѓето. За жал, ние Србите сакаме да се изјаснуваме, а понекогаш е многу важно да се поместиме и да се оддалечиме. Доаѓа многу потешко време. Им се смеам на оние што зборуваат за деведесеттите, не разбирајќи дека ништо не се случува по наша вина“.

Посебно нагласи дека се борел за оваа земја затоа што сакал да постигне резултати и рече дека додека тој е претседател на ниту една жена нема да ѝ го врати детето во ковчег. „Знам дека жените разбираат многу подобро од мажите и дека се многу поодговорни“, изјави Вучиќ.

„Се надевам дека никој не сака тоа вака да опстане бидејќи ова е лудило во кое никогаш не сме живееле“.

Тој нагласи дека нема да биде лесно и дека „од сите страни вакво нешто не видел“.

„Со никого не можете рационално да разговарате. Се надевам дека еден ден ќе има повеќе позитивни вести. Се надевам дека и Путин добро ќе размисли за сè, но и сите останати“, заклучи Вучиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе