Вучиќ: Србија е под уцени, ѝ се закануваат санкции, и што да правиме сега, ги прашувам овие патриотите?

Александар Вучиќ и Владимир Путин пред два дена разговараа по телефон. Според српските медиуми, Путин му ја честитал изборната победа на Вучиќ, а зборувале и за војната во Украина. 

Фото: ЕПА

Вучиќ синоќа гостувајќи на РТС го раскажа тој разговор и односот со Путин.

„Ние се знаеме долго време и нема да го прифатам тоа што го нарекуваат Хитлер, лудак и хистеричен. Тој е стабилен и рационален. Постигнавме договор и тоа е важно за Србија. Ми кажа дека ситуацијата во Украина оди според планот“, рече Вучиќ.

„Не барав од него да ми зборува за тоа бидејќи ние сме мала земја што не може да ја реши судбината на светот, но тој ми кажа дека на претставниците на многу помали земји од ЕУ им дал објаснувања за ситуацијата во Украина и Буча“, рече Вучиќ.

Србија вчера гласаше за исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Вучиќ истакна дека Србија била под голем притисок и уцени пред гласањето за суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН. Вучиќ рече дека примарната одлука на Србија била да се воздржи при гласањето, но потоа пристигнале безброј тешки притисоци, наведувајќи дека тоа нема врска со личен притисок, туку со притисоци врз земјата.

„И после ви велат, знаете дека денес и во наредните денови се решава судбината на Србија, дали ќе бидеме изземени од пакетот санкции за нафтата“, рече Вучиќ.

„Сакам луѓето да разберат. Србија е под голема уцена. На Србија ѝ се заканува ‘нуклеарен напад’, не оружен, туку пакет санкции и запирање на европскиот пат. И што да правиме сега, ги прашувам овие патриотите? Србија е единствената во Европа што нема воведено санкции кон Русија. Јас го добив орденот Александар Невски и знам што зборувам и што прави Србија. Успеваме да издржиме сè. Го одржуваме нашиот политички курс, морален и чесен. Не сме изолирани од светот, нема да ѝ свртиме грб на Русија, но сме на европскиот пат“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе