Вучиќ со Лајчак: Нема да има никакво признавање на Косово (ФОТО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна со Мирослав Лајчак, Емануел Бон и Јенс Плетнер. Станува збор за советниците за надворешна политика на Франција и Германија.

EPA-EFE

На состанокот присуствувал и претставникот на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина и за Западниот Балкан Мирослав Лајчак.

Како што претходно најави портпаролот на Европската комисија Петер Стано, целта на оваа посета е „истражување на можностите за напредок во дијалогот“ на Белград и Приштина.

„Разговор за иднината на Србија, а никакво признавање на Косово нема да има“, напиша Вучиќ и додаде:

„Тукушто разговарам со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак и советниците за надворешна и безбедносна политика на Република Франција и Сојузна Република Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер, секогаш спремен на компромисни решенија, во согласност со Уставот на Република Србија и Резолуцијата 1244 на СБ на ОН. Нема предавање! Да живее Србија!“

Лајчак, Плетнер и Бон претходно денес во Приштина се сретнаа со косовскиот премиер Аљбин Курти, но Лајчак по состанокот не сакаше на медиумите да им изнесе повеќе детали.

„Два часа разговаравме со премиерот Курти за дијалогот и начините да внесеме нова динамика и да го унапредиме процесот. Тоа беше длабока и значајна расправа, но не можеме да изнесеме повеќе детали“, кажа Лајчак.

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека целта на дијалогот со Србија е „постигнување правно обврзувачки договор со заемно признавање“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе