Вучиќ кажа дека сега ситуацијата не е таква.
„Никој тоа не го знае подобро од мене бидејќи никој нема таков директен контакт во Европа и светот како јас. Најдобро знам до каде можеме“, кажа Вучиќ одговарајќи на прашања на новинарите во Париз по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон.
Оцени дека од почетокот на војната во Украина, Белград издржал „270 дена најтежок притисок во современата српска историја“.
„Ние по четири дена излеговме во јавност со заклучоци на Советот за национална безбедност. Тие заклучоци не ги пишуваше некој тим туку лично јас со своја рака. Тие заклучоци се политиката која ја водиме, тоа е мојот и животот на слободарска Србија. Тие се нашата суштина, нашето битие. Можеби можеме од тоа да се откажеме само ако буквално имаме Дамоклов меч над главата“, кажа Вучиќ.
Додаде дека Србија не отстапува од политиката која се заснова на чување на меѓународното јавно право, осуда на оние кои тоа право го кршат и влегуваат на територијата на други земји, но и на ставот да нè води политика на санкции, „особено не кон оние кои нè заштитија во 2015 година и ни помагаа во зачувувањето на нашиот територијален интегритет“.
„Во тие заклучоци е сè она за што се бориме. Тоа е запишано за да остане во историјата дека една мала слободна и слободарска земја можела да каже нешто поинаку од сите останати. А тоа што ќе слушнам од милион страни дека нешто морам, па гледате дека не морам. Ако и кога ќе морам, не поради себе туку поради нацијата, тогаш ќе излезам пред народот и ќе го кажам тоа“, кажа Вучиќ.