Вучиќ од Прага: Вие ја казнувате Русија или Србија?

Претседателот на Србија Александар Вучиќ учествува на Самитот во Прага.

EPA-EFE

„Многу добри нешта се слушнаа, по кој пат ќе оди Европа. Изградбата на поврзувачки трансмисиски системи, нови интерконектори, гасоводи, нафтоводи, за да можат да се користат енергенсите од целиот свет. во сабота ќе зборуваме повеќе за новите инвестиции. Им благодарам на Европејците на поддршката за изградбата на интерконекторот со Бугарија“, кажа Вучиќ од Прага.

„Вчера, на состанокот, кога веќе сè требаше да помине, на иницијатива на Хрватска, а поддржано од страна на две земји, една балтичка и една во близина на балтичките земји, од дневниот ред беше тргната дерогацијата на нормата за Западниот Балкан. Хрватскиот премиер излезе со теза дека не е фер Србија да има пониска цена на нафтата. А изгледа дека е фер да имаат некои европски земји. Па чекајте, вие ја казнувате Русија или Србија?“, праша Вучиќ.

Претседателот на Србија потоа зборуваше за санкциите на Русија, кои Србија не ги воведе.

„Јас ја разбирам позицијата на Европската Унија. Тие се во голем судир со Руската Федерација, но ја заборавија нашата ситуација во 1999 година. Повеќето таа ситуација не ја разбираат и затоа тоа не е така лесно“, кажа Вучиќ.

Се осврна на новата политичка заедница која ја предложи францускиот претседател Емануел Макрон.

„Се собравме да покажеме дека ѝ припаѓаме на Европа. Тоа за нас е многу корисно, идеална прилика да имаме добри средби, да дознаеме некои работи. Видов што многумина почнуваат да работат во своите земји околу енергетската криза. Нам ова ни значи, а дали ќе забрза или успори европскиот пат ќе видиме“, заклучи Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе