Вучиќ: Никој нема да ме натера Србија да направи странска воена база на своја територија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги искоментира тврдењата за наводна изградба на руска воена база во Србија.

EPA-EFE

„Велат Путин мене ме понижува, и Русија. А тие во НАТО, и имаат и американски и албански војници на своја територија кога ќе затреба. Тие со тоа се гордеат, а ако ние имаме некој друг тука, тоа е понижување. На Србија не ѝ се потребни никакви воени бази, Србија самата ќе ја брани својата држава и народот, ќе гради сојузи, и нема да се срами од добрите односи со Русија, Америка и Кина. Самите ќе се грижиме за себе“, истакна српскиот претседател.

Вучиќ кажа дека тој е врховен командант на војската уште пет години, и дека никој нема да го натера да направи странска воена база на својата територија.

„Има три опции за тоа да се случи, да ме сменат, да ми истече мандатот или да ме убијат и да умрам. Поинаку не можете да ме натерате Србија да ја изгуби својата воена неутралност“, кажа Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе