На годишнината на Олуја

Вучиќ: Ние секогаш сакаме помирување, но не и понижување (ФОТО+ВИДЕО)

Српските власти беа присилени да ја откажат комеморацијата посветена на жртвите на хрватска воено-полициска операција Олуја закажана за 5 август поради проблематичната ситуација со коронавирусот во земјата.

EPA-EFE

Наместо тоа, одбележувањето се одржа вечера во Сремска Рача, местото низ кое во Србијаа влегоа стотици илјади избегани и протерани Србија од Хрватска за време и по Олуја.

Со српскиот претседател Александар Вучиќ во Сремска Рача беа премиерката на Србија Ана Брнабиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик.

„Нема да ја славиме трагедијата на српскиот народ, убивањето на српските цивили, убивањето на српските деца, не се согласуваме на понижување. Помирување – да, но понижување – не“, кажа Вучиќ на мостот во Сремска Рача, каде симболично беше одржана програмата во знак на сеќавањето на настраданите во Олуја во првите денови на август 1995 година.

„Не нѐ терајте да го славиме заедно со вас убивањето на Србите, зборувајќи ни дека ова се големи чекори напред. Славете вие што сакате, радувајте се, а ние ќе тагуваме по Србите од Краина, Далмација, Бањица... по сите оние кои вие со радост ги избркавте од нивните вековни огништа“, кажа Вучиќ.

„Среќен сум и горд што речиси целиот српски народ го разбра значењето на идејата за одбележување на српските страдања. Обединети можеме сѐ, а раздвоени не можеме ништо. Бевме многу слаби, токму како што бевме во таа 1995 година“, кажа Вучиќ.

Порача дека Србите имаат своја држава која може „да застане во одбрана на српските гробови и иднината“.

„Од 2014 година Србија и Република Српска заеднички ги одбележуваат српските страдања и на тоа сум горд. Горд сум бидејќи не успеаја да ни забранат да носиме српско име и презиме. Народе српски, не заборавај дека денес никој, ни во Европа ни во светот не зборува за страшниот геноцид спроведен во НДХ“, кажа тој и додаде:

„Имаме обврска кон децата во Србија и Република Српска да им ги отвориме очите“.

„Мораме да не молчиме за злосторствата, да ги откриеме сите ужаси кои Србите ги почувствувале. Мора да им покажеме дека во тие планови не успеаја. Успеавме како Србија и Република Српска да им кажеме не на лагите“, порача Вучиќ.

Тој кажа дека Србите не носат жиг на срамот, иако сакале да им го наметнат.

„Ние сакаме помирување, ир секогаш, но понижување никогаш. Не ве теравме некогаш да го признаете геноцидот врз Србите. Само кажете, да знаеме дека во Јасеновац настрадал еден цел народ само затоа што носел српско име и презиме“, порача српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе