Иако не се согласува со црногорскиот претседател

Вучиќ: Немам проблем да разговарам со Ѓукановиќ, мораме да ја почитуваме Црна Гора

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека нема проблем да разговара со црногорскиот колега Мило Ѓукановиќ „иако нештата ги гледа поинаку од него“, како и дека постои можност Ѓукановиќ да учествува на собирот на лидерите од регионот кој наскоро ќе се одржи во Сремски Карловци или во Суботица.

Вучиќ во Патријаршијата на Српската православна црква (СПЦ), одговарајќи на прашања на новинарите, кажа дека Србија мора да ја почитува државата Црна Гора, но и дека г разбира потребите и на српскиот народ (кој живее во Црна Гора), како и дека „не му паѓа на памет да се срами што му припаѓа на српскиот народ, кој никого не навредил и никому не му наштетил“.

„Ако во сѐ што му се случи на српскиот народ постои нешто добро тогаш тоа е што се покажа единството, кое не би го имале да немавме ваков патријарх и да не созреевме како народ“, кажа Вучиќ по разговорот со патријархот Иринеј за настаните во Црна Гора.

Вучиќ не сакаше да одговара на прашањата на новинарите кои се однесуваа на првото рочиште пред високиот суд во Лондон, за тужбата на група граѓани против СПЦ поради педофилија и сексуално насилство, кое е закажано за 17 јануари 2020 година, а одби да го коментира и неговото спомнување во предизборната дебата на кандидатите за претседателските избори во Хрватска.

„Гледав, но ќе чекам да завршат изборите па тогаш ќе коментирам. И тоа покажува колку е Србија денес позрела, поодговорна и посериозна, со фактот дека не сакам да одговарам дури и на тешки лични навреди. Мислам дека имаат право да одлучуваат кој е добар претседател во Србија а кој не. На личните навреди ќе одговорам кога ќе завршат изборите (во Хрватска)“, кажа Вучиќ.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе