Вучиќ: Не можеме да ја затвориме економијата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ предупреди денес на ширењето на епидемијата на коронавирусот и последиците по економијата на Србија.

EPA-EFE

Според него, се издвојуваат 10,3 отсто од БДП за здравството, се градат болници, се зголемуваат капацитетите, но неопходно е граѓаните да се придржуваат до мерките за да не паднат во тешка ситуација.

„Да ја затвориме економијата во овој момент не можеме. Не се плашам од тешки потези и кој како ќе реагира, но не смееме економски да заостанеме зад другите“, кажа Вучиќ.

„Дури и трката околу вакцините се однесува на напредокот во економијата, кој ќе биде побрз. Затоа е важно да се обидеме од различни страни да добиеме вакцини“, кажа тој.

„Мојата молба до граѓаните е да биеме одговорни“, кажа српскиот претседател.

„Оваа година издвоивме 20 милијарди за лекови повеќе отколку пред седум години, бидејќи државата сега плаќа иновативни лекови на кои претходно не трошела. Денес медицинска сестра има поголема плата од клинички лекар во 2011“, додаде Вучиќ.

Меѓутоа, како што кажа, „државата не е вреќа од која само се земаат пари, вака ќе влеземе во страшна криза, прво здравствена, а за економските проблеми да не зборуваме, а единствени сме кои сега ги зголемуваат платите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе