Вучиќ: Не ѝ земавме респиратори на Црна Гора, ќе ѝ подариме пет (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на конференција за медиумите одговори на обвинувањата на Црна Гора дека Србија ѝ одзела три респиратори.

„Не сме одзеле ниту еден респиратор ниту па некогаш сме земале на некого, на пазарот ги купивме како совесен купувач што дури и нивната посредничка компанија јавно го соопшти“, кажа Вучиќ.

Тој кажа дека Србија е спремна на црногорската влада да ѝ подари три респиратори, како и дека е спремна на молба на претставникот на Србите во Црна Гора Андрија Мандиќ, веднаш да испорача по еден респиратор за Плевља и Бијело Поље.

Тој додаде дека Србија во претходните две недели испорачала повеќе од 40 илјади тони храна.

„Ние со нашиот братски народ во Црна Гора, и со Србите и со Црногорците, сакаме да имаме најдобри можни односи и не сакаме ничии владини службеници да се караат и да зборуваат дека Србија има лош однос кон Црна Гора“, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека заклучокот дека Србија конфискувала респиратори е ноторна лага.

„Самите нека им објаснат на граѓаните зошто таа лага им била потребна. Ние ќе им проследиме три респиратори и уште два за северот. Можат и да ги одбијат ако сакаат“, истакна српскиот претседател.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе