Вучиќ му порача на Курти: Прашањето на статусот на Косово е решено, среќен пат во Брисел

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека прашањето на статусот на Косово е завршено, и тоа во согласност со Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.

EPA-EFE

Коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер Аљбин Курти дека нема да оди во Брисел само за да разговара за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, односно меѓусебно признавање, Вучиќ порача:

„Океј. Може да оди во Брисел кога сака, и како сака, негов проблем. Дали кажа дека што се однесува до него прашањето за статусот е завршено? И што се однесува до мене прашањето за статусот е завршено, во согласност со Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност“, порача српскиот претседател и иронично додаде: „Му посакува среќен пат во Брисел“.

Курти за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека не би одел во Брисел за да преговара за прашањето за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, кој, како што кажа, мора да биде постигнат пред пролетта 2023.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе