„(Рускиот претседател Владимир) Путин го користи она што го има, другите го користат тоа што тие го имаат, сите користат сè, во војна нема љубов. Кога многумина помислија дека војната е готова и дека Украина победува, Русите почнаа подобро да војуваат. Ќе трае ова многу подолго, и очекувам следната зима, дури и таа потоа, да биде потешко од оваа“, кажа српскиот претседател.
„Ние мораме да разбереме дека сме во војна и мора да сфатиме дека таа војна нема скоро да заврши. Сосема ми е сеедно како ќе заврши само да донесат некако решение, а ми изгледа дека нема ништо од тоа“, кажа Вучиќ коментирајќи ја ситуацијата во Украина.
Од него беше побарано да ја искоментира годишнината од еколошките протести пред српската влада.
„Јас себеси се прогласив за најглупавиот претседател на светот кога ја донесов одлуката да се откажеме од литиумот. Воопшто не разбирам против што протестираа пред владата. Сакав јас да им се обратам, да ги прашам дали сфаќаат дека ја уништуваат својата земја“, истакна тој.
„Кога ќе заврши пописот верувам дека ќе имаме 6.700.000 луѓе во Србија“, додаде и оцени дека на младите им е важна платата кога носат одлука за тоа во која држава ќе живеат.