Вучиќ: Ќе ги победиме мафијашите, тоа им го гарантирам (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста преку Инстаграм со порака дека „државата ќе ја победи мафијата, без оглед на личните, политичките и кои било други последици“.

EPA-EFE

„Додека се боревме за подобар животен стандард, додека се боревме за Косово, за подобар здравствен систем за да можеме да ги лекуваме луѓето, некои во меѓувреме помислија дека најисплатливо е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да ги ограбуваат нашите граѓани, да сеат страв. Ќе ги победиме, тоа им го гарантирам без оглед на личните, политичките и секои други последици“, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека „Србија во 2012, 2013 и 2014 се бореше против тајкуните што ја ограбуваа земјата и сакаа да ја уништат и кои во тоа успеаја“.

„Земјата ја обновивме. Србија денес е прва по стапката на раст во Европа, ги јакне платите, растат пензиите, луѓето подобро живеат“, заклучи Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе