По средбата тој ги изнесе деталите за состојбата со коронавирусот во земјата.
Тој кажа дека засега полицискиот час не е опција, но и дека бројките на новозаразени го загрижуваат.
Додаде дека состојбата во Србија е подобра од каде било во Европа. Порача и дека на медицинските работници владата ќе им исплати еднократна помош и дека од 1 јануари ќе им ги зголеми платите.
Зборуваше и за вакцината за коронавирусот, истакнувајќи дека Србија има договори со Германија и САД и дека првите количества од вакцината во Србија би требало да стигнат до крајот на годината.
„Она што ни е најважно е да ги вакцинираме здравствените работници, полицијата, војската, а потоа и загрозените групи луѓе. Вакцината ќе биде бесплатна за сите наши граѓани“, кажа Вучиќ.