Следна рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово

Вучиќ и Курти на 18 август во Брисел, потврди портпаролот на ЕУ

Следната рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе биде одржана на 18 август во Брисел, потврди Петер Стано, портпаролот на Европската Унија.

EPA-EFE

„Откако високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел ги повика двете страни во Брисел, можам да потврдам дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти го прифатија неговиот повик и ќе дојдат во Брисел на 18 август“, наведе Стано во соопштение до медиумите.

Тој наведе дека Вучиќ и Курти ќе ги прими шефот на дипломатијата на ЕУ Борел, како и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак, за заедно да разговараат за „патот понатаму во дијалогот на Белград и Приштина“.

Ќе биде тоа првата средба на Курти и Вучиќ во рамки на дијалогот за нормализација на односите по повеќе од една година. Последен пат се сретнаа во Брисел во јули 2021.

Откако Курти е на чело на косовската влада, одржани се само две средби на највисоко политичко ниво. Двете средби минаа со тензии и со меѓусебни обвинувања.

Функционерите на ЕУ кои директно се бават со дијалогот секогаш предупредуваа дека ќе свикаат нова средба на највисоко политичко ниво само кога ќе видат двете страните се спремни за напредок во процесот.

Шефот на европската дипломатија Борел на почетокот на неделата на Курти и на Вучиќ им испрати покана за доаѓање во Брисел, во време на засилени тензии на Косово, откако косовската влада реши да не ги признава документите издадени од Србија на своја територија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе